Саити: Стравувувам од евентуалниот клиентелистички пристап на судиите кон новата власт

пред 10 месеци | Дебати

Во интервју за емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат-М, - д-р Џемали Саити, врховен судија и претседател на Здружението на судии, зборуваше за новите трендови во судството по промената на власта, и што тоа може да значи.

- На неколку настапи во интервјуа и на некои средби со меѓународниот фактор истакнав дека стравувувам од евентуалниот клиентелистички пристап на судиите кон Владата, но засега јас тоа го кажувам во однос на стравување и алтернатива, дека тоа е можно. Сите стравувања одат кон тоа да можеме во иднина да очекуваме еден таков пристап, но засега сметам дека колегите се воздржани, да кажам, во однос на професионалното постапување, но ќе наидеме и на ситуации кои ќе се совпаѓаат со некои тенденции, на пример на ОЈО или на СЈО, на некои заложби од надвор, и таквите идентични можеби одлуки кои ќе наликуваат на тие тенденции не би требало веднаш да се прифатат како гравитирање кон власта или кон промена на таа позиција - рече Саити.

Саити го коментираше новиот избор на судии на Судскиот совет кој предизвика многу реакции во јавноста и коментари дека советот се поставил да одработи во интерес на новата власт.

Тој потенцираше дека треба да се внимава во почитување на законските одредби и воспоставените процедури.

- Претходно имавме принцип на бројки, кој беше приоритетен при одлучувањето, но јас сум поборник да се гледаат и други аспекти, и покрај строгата законска регулатива која упатува на тоа. Но, овој пат судиите останаа разочарани, имаше многу забелешки до Здружението на судии, и покрај тоа што ние немаме некаква извршна моќ или надлежност врз Судскиот совет, но тие го искажаа својот револт и преку некои директни постапувања. Ние констатираме дека Судскиот совет треба, во најмала рака да ги образложи одлуките, и сепак, треба да ги има предвид сите досегашни постапки при избор, и критериумите кои ги почитуваат - рече Саити.