Шекеринска: Груевски бара амнестија за 27 април, но цел му е генерална амнестија за случаите на СЈО

Автор: Владимир Мирчески | пред 7 месеци | In depth

Во интервју за „360 Степени“, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, зборуваше за реформите и напорите за забрзана евроинтеграција на новата Влада, како и за актуелната политичка состојба во Македонија, оставката на Груевски, протестите на ВМРО-ДПМНЕ и барањето за амнестија на пратениците и останатите притворени за 27 април.

- Мислам дека Груевски ги користи луѓето кои го спроведоа 27 април како заштита, како штит за својата одговорност. Груевски вели дека ќе бара амнестија за 27 април, меѓутоа мислам дека неговата вистинска цел е да го направи тоа што не му успеа минатата година, а тоа е да бара генерална амнестија за сите случаи коишто се поврзани со СЈО. Првиот пат тоа се обиде да го направи преку Иванов, сега сака преку нас да го направи. Тој не се бори за своите партиски колеги, туку само за себе - вели Шекеринска.