Груевски најави оставка и бара амнестија за 27 април - како ќе реагира власта?

Автор: Никола Здравковиќ | пред една недела | In depth

ВМРО-ДПМНЕ е во деликатна фаза од постоењето. По најавата на Никола Груевски дека ќе поднесе оставка, партиските тела отпочнаа постапка за организирање вонреден конгрес уште пред Нова година, на кој се очекува избор на нов лидер.

Притоа, една од дилемите е дали Груевски ќе дозволи демократска трка на оние што имаат амбиција да го наследат или ќе се обиде тој да го наметне новиот претседател на партијата.

Паралелно со ова, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади на улици и протести во Скопје, од кои веќе е искристализирано главното барање за општа амнестија на сите инволвирани во настаните од 27-ми април.

За ова и за ставот на владејачката СДСМ - од видеото.