Груевски најави оставка па продолжи со протести и блокади на крстосници

Автор: Никола Здравковиќ | пред една недела | Дебати

На денот кога Собранието им го одзеде имунитетот на шесте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, партијата продолжи со протести пред Кривичниот суд и блокирање крстосници во Скопје.

Вечерашните активности дојдоа само неколку часа откако Никола Груевски во интервју за Курир најави дека ќе поднесе оставка, како што вели, пред органите на партијата.