Кој и како ја донесе моќната „Економија“ до питачки стап и има ли надеж да се врати на стариот пат?

Автор: Никола Здравковиќ | пред 12 месеци | In depth

Ресоцијализација на затворениците, производство кое ги надминувало затворските капацитети, заработка од која ќар имале и вработените, но и самиот затвор Идризово - стопанската единица Економија од многу аспекти била моќен субјект, кој освен што ги подготвувал осудениците за нов живот, со производство на прехранбени продукти снабдувал и значаен дел од Скопје.

Денес Економија е на колена – без простории, без стока, со наталожени долгови и вработени кои со месеци не зеле плата.

Кој и како ја довел оваа моќна единица до питачки стап и има ли надеж да се врати на стариот пат.