Како ќе функционира новата оперативно-техничка агенција, во која ќе биде опремата за прислушување

Автор: Александар Димитриевски | пред 11 месеци | In depth

По масовното прислушување од изминатите години, се подготвува темелна реформа на овој сегмент од функционирањето на тајните служби.

Новите нацрт-закони за формирање посебна оперативно-техничка агенција, во која ќе биде сместена опремата за прислушување, и за следење на комуникациите, се објавени на владиниот портал ЕНЕР за коментари од јавноста.

Првичната анализа покажува сосема различен пристап во контролата на прислушувањето и формирање т.н. Совет за граѓански надзор, кој ќе постапува по претставки на граѓани и правни лица.

Разговор со шефот на работната група за спроведување на овие реформи, Силјан Аврамовски, кој е поранешен министер за внатрешни работи и шеф на УБК.