Нечев: Само 41% од активностите во Планот 3-6-9 се целосно исполнети

пред 3 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, истражувачот во Институтот за демократија, Зоран Нечев, зборуваше за Планот 3-6-9 и првичните наоди од проектот „Набљудување на напредокот во пристапните реформи на Македонија кон Европската Унија“.

Институтот за демократија утврди дека од вкупно 73 активности во 11 области од Планот 3-6-9, 41% од активностите се целосно исполнети, 16% од активностите се делумно исполнети, 14% се неисполнети, додека 29% од активностите се немерливи. Во однос на немерливоста, кај одредени активностите, од начинот на кој се формулирани, не може да се утври индикатор по кој ние можеме да измериме дали таа одредена активност е исполнета или не. Пример во делот на судството, една од активностите е онаа во којашто Владата го охрабрува Судскиот совет којшто натаму треба да ги охрабри судиите да пријавуваат одредени политички или било какви други притисоци врз нивната работа - рече Нечев.

Тој напомена дека сепак, мора да се гледа и контекстот во којшто се одвивала реализацијата на Планот, и стартната позиција на „заробена држава“.