Никола Димитров и Никос Коѕиас: Го имаме истото име и немаме спор околу тоа

Автор: Владимир Мирчески | пред една недела | In depth

На работниот појадок организиран од групата „Пријатели на Македонија“ беше и Никос Коѕиас, што е можеби прво учество на грчки министер на ваков неформален собир.. На почетокот на појадокот регистриравме интересна епизода на тема – прашање за името..

- Би сакал да го истакнам и присуството на мојот пријател Никос од Грција. Ние се среќававме...

- Го имаме истото име.

- Го имаме истото име и немаме спор околу тоа. Се среќавам со Никос секој месец, ќе имаме работен ручек и денеска. Се обидуваме, успеавме да изградиме лично пријателство и мислам дека и двајцата сме длабоко посветени да ги зближиме и нашите држави. Да ја продлабочиме соработката онаму каде имаме заеднички интерес, а делиме многу и да ја решиме едната пречка што се уште не дели. Ќе го имаме првиот состанок на двајцата преговарачи по долга пауза - месецов тој процес ќе почне.