Репортажа од Брисел: Можно ли е препораката од ЕУ да дојде многу побрзо од очекуваното?

Автор: Владимир Мирчески | пред една недела | In depth

Македонија би можела в година да ги почне преговорите за членство во Европската унија, а предуслов за тоа се брзи и видливи резултати во реформите во три области – судството, тајните служби и јавната администрација. Притоа, улогата на Грција, поради прашањето за името, останува клучна, а и неизвесна. Ова е сиже од работниот појадок на вицепремиерот Османи и шефот на дипломатијата Димитров со министрите за надворешни работи од земји-членки на ЕУ изутрината во Брисел.

Погледнете ја репортажата од Брисел а во неа и интервјуата со вицепремиерот Османи, министерот Димитров, како и со бугарската министерка за надворешни, Екатерина Захариева.