Доцнат ли реформите за ЕУ? Една третина од задачите во планот 3-6-9 се незавршени

Автор: Александар Димитриевски | пред 8 месеци | In depth

Кому прави притисок шефот на дипломатијата Никола Димитров со изјавата дека Македонија во јуни очекува политичка одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ?

Од една страна, пораката е упатена до земјите-членки на Унијата, кои треба да постигнат консензус за ова прашање, но од друга, изјавата може да се смета за пристисок и кон домашните актери, па и кон самата влада, зашто досега нема покрупни резултати од реформскиот процес.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, не се согласува дека има доцнење, но мониторингот на невладиниот Институт за демократија открива дека една третина од активностите предвидени во планот 3-6-9 не се реализирани. А, требаше да бидат уште пред еден месец.