Гаши: БЕСА не е иницијатор на Платформата, ниту сме побарале да одиме во Тирана

на 3.2017 | Дебати

Во интервјуто за „360 Степени“, Африм Гаши од БЕСА, зборуваше за Платформата на албанските политички партии и нејзиното потпишување.

- Ако некој во Македонија смета дека БЕСА има влијание врз Еди Рама за да не покани тој, ниту еден жив човек во Македонија не верува во тоа. Неколку пати сме објасниле, не сме иницијатори на Платформата, не сме побарале да одиме во Тирана, сето ова е дел на други луѓе. Сме биле во ситуација каде не поканиле таму и ни рекле дали би сакале да бидете на еден заеднички документ? Тие точки се дел од нашата Платформа и ние сакајќи да покажеме доверба, тие точки од Платформата повеќето од нив се во нашата изборна програма освен елементот на геноцидот, што сме реагирале и жално е што излегува Артан Груби и вели дека за тоа одлучила БЕСА додека Али Ахмети кажува дека тој ја поставил оваа точка бидејќи тој одлично објасни зошто треба да биде таму точката за геноцидот. Другите точки од Платформата се дел од платформата на БЕСА за кои ние се ангажираме. Затоа, ние Рама во овој процес го гледаме како човек кој помага и го гледаме како олеснувач, но тоа е прашање на нашите партиски субјекти. Вие знаете дека ние на 7 јануари како БЕСА ја усвоивме во нашето седиште во Скопје. Во Тирана беше само како слика и ако сакате да се вратиме, првиот состанок не е во Александар Палас туку беше два дена по изборите, сите медиуми во Македонија знаат дека сме отишле во Тирана за оваа идеја, кој ја движел напред иницијативата ние не знаеме, важно е што ние сме се држеле за документот - рече Гаши.

Целата емисија можете да ја гледате на следниот линк.