Тасева: Изјавата на Заев беше неодговорна, непотребна и избрзана, предистражните постапки се тајни

пред 7 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, претседателката на Транспаренси Интернешнл, Слаѓана Тасева, зборуваше за изјавата на премиерот Зоран Заев за двајца членови на власта кои биле под истрага.

- Мојата прва реакција беше дека можеби дури и неодговорна, непотребна, избрзана изјава за којашто ниту беше време, ниту место, на тој собир... и таа изјава овозможи, за среќа, интерес кај медимите, новинарите, да целосно од сите аспекти го отворат ова прашање, покревајќи го прашањето дали била во ред, дали била избрзана, што може да каже премиерот, што не може, што може да знае, што не. А се разбира, другиот политички блок ја искористи ситуацијата да зборува за поделбата на власта, за тоа како не треба да се влијае врз институциите кои спроведуваат истраги - нешто што таму додека беа на власт до пред неколку месеци беше вообичаена практика - рече Тасева.

Таа потенцираше дека дури и ако станува збор за укажувач, пријавата од него и постапувањето по пријавата не се јавни информации.

- Исто така, ако станува збор за информатор кој пријавил некое сторено кривично дело до полиција или јавен обвинител, не треба да имаме ширење на таа инфформација се додека целосно не се расчисти таа информација, дали воопшто постои основа за сомневање. И ако дојавата стигнала до Заев лично треба само да најде соодветен начин да ја пренесе или да ги упати лицата таму каде што треба да ја дадат таа информација, и потоа надлежните институции да си ја водат постапката се до моментот додека тие не одлучат дека треба нешто да кажат. Значи во ниту една од ситуациите не треба да се има ваква информација или да се кажува јавно - децидна е Тасева.