Арифи: Зошто не беше побарана меѓународна помош за „Диво насеље“ за да одговараат и нарачателите?

пред 4 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, универзитетската професорка Беса Арифи, зборуваше за случајот „Диво насеље“ и изречените судски пресуди од Кривичниот суд, како и барањата и ветувањата за меѓународна истрага.

- Уште кога овој случај беше под истрага се појавија информации, и во косовските медиуми дека оваа група која директно беше инволивирана во кумановските настани претходно била следена и од косовските власти. Сега проблемот е во тоа зошто македонските власти од истрагите не побараа уште тогаш еден вид меѓународна соработка и повеќе податоци, некаква правна помош со косовски власти, каде што една таква заедничка истрага, или едноставно едно барање за повеќе информации многу би влијаело на тоа истрагата да биде посеопфатна. Мислам дека главниот проблем во овој случај е тоа што оваа несеопфатна и изолирана истрага, само за тие што ние ги видовме како директни извршители на тие дела за кои тие вчера беа прогласени за виновни, е главниот проблем во случајот. Затоа што се знае политичката констелација во која се случи случајот и е речиси јавна тајна дека таму имало и други луѓе, се вели дека имало и други инволивирани луѓе, можеби важни државни лица. Е сега, во моментот кога вие сте сконцентрирани само на главните извршители и ги заобиколувате сите инспиратори, се содава тоа чувство на неправда, што значи дека случајот не е многу добро и вистински објаснет до крај. Мислам дека ова е главниот проблем, бидејќи од оваа истрага која е направена потоа произлезе обвинение кое исто така беше еднострано и несеопфатно и потоа на крајот тоа резултираше со оваа судска одлука што исто така е еднострана и не ги опфаќа сите лица коишто треба да ги опфати. Ова уште еднаш ја потврдува таа недоверба кон институциите којашто многу граѓани ја имаат, гледајќи ја оваа селективна правда каде многу важни луѓе остануваат неосудени, додека директните извршители се казнуваат. Да бидеме јасни, ова е многу тешко кривично дело, значи обвинението е од терористичко организирање и за тероризам - рече Арифи.

Таа нагласи дека никој не треба да биде амнестиран и секој треба да го сноси својот дел од одговорноста.