Мехмети: И ВМРО-ДПМНЕ, но и албанските партии сакаа да видат дали уште трае „магијата“ на Заев

пред 3 недели | In depth

Во дебата на „360 Степени“, аналитичарот Ибрахим Мехмети, зборуваше за поставеноста на партиите од албанскиот блок кон владејачката СДСМ на локалните избори, како и очекувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од истите.

- Мислам дека локалните избори беа многу очекувани од сегашната опозиција за да види дали таа „магија“ што Заев ја приреди на парламентарните избори кога од аутсајдер успеа да добие доста голем број на гласови и пратенички места што му овозможија да преговара на начинот на којшто преговараше, со партии со кои немаше допирни точки, ниту добри односи, како со ДУИ. И таа магија мислам дека сегашната опозиција се надеваше дека е привремена. И албанските партии, не само ВМРО-ДПМНЕ. И тие чекаа да видат дали тоа што тој доби толку многу аалбански гласови, дали тоа е вистина или само случајност. ДУИ можеби повеќе. Мислам дека ДУИ се прашуваше дали СДСМ ќе ги задржи тие 40-50 илјади гласови и ќе успее да повлече нови гласачи. Се покажа во Арачиново дека тоа е можно. Тоа предизвика едно прегрупирање во албанскиот политички блок и една несигурност кај албанските партии што мислам дека е добро, бидејќи обично одеа со тоа - имаме толку, 200 илјади гласови, само ќе ги поделиме, кој кого ќе обвини повеќе. А не дека може да дојде некој нов играч којшто ќе ја расипе таа игра. Мислам дека тоа е позитивно и ќе ги натера нив малце да се освестат и да понудат вистински програми, а не само да кажуваат кој бил предавник, а кој бранител на албанските интереси - рече Мехмети.