Трајковска: На Владата и е сеедно дали АА ќе напушти или не, за клучните проекти се потребни 81 глас

на 10.2017 | In depth

Во дебата на „360 Степени“, новинарката Оливера Трајковска, зборуваше за најавите за промени во парламентарното мнозинство по локалните избори, а со тоа и за иднината на владината коалиција и предвидените проекти.

- Мислам дека тоа што како агенда може да се исчита од „3-6-9“ и тие што гласно ги соопштува Владата, изгледа како да и е сеедно всушност, дали можеби ќе излезе Алијансата а ќе потполнат со уште двајца-тројца други, бидејќи проектот којшто чека на реализација не прави разлика после 62 се до 81 пратеник. Значи дали тука вас ќе ве поддржува БЕСА или не знам кој... помеѓу 62 и 81 - ништо особено важно. А агендата која ни ја најавува Владата ќе бара во клучните пилари 81. Тоа ќе биде тој трнлив пат низ кој оваа Влада ќе мора да ги бара компромисите на вистински начин во Парламентот. Тоа што Заев ни го најавува дека некои од пратениците се подготвени да поддржат одредени политики на владата е, претпоставувам, одлична позиција. Малку е вулгарно дека „се е пазар, купувате пратеници, овој напуштил, станал независен“... би било одлично ако гледаме влада која се бори за мнозинство на своите законски проекти во парламентот, особено оние што ќе го бараат двотретинското. Тоа можеби ќе ги успори процесите, но ќе ги нарави и поздрави - рече Трајковска.