Спасовски: Вељаноски се уште го користи кабинетот на претседател на Собранието

на 3.2017 | Дебати

Во интервјуто за „360 Степени“, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски зборуваше за средбата со Трајко Вељаноски во однос на продолжување на конститутивната седница на Собранието и избор на негов претседател, по иницијатива на СДСМ, ДУИ, БЕСА и АА.

- Имав денеска  средба со Трајко Вељаноски, тој ме информираше дека нема да може порано од вторник да се закаже координативната средба заради отсуство на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова го оценуваме исто така, како еден начин на одолговлекување и можност да се купат уште еден ден или два и така натаму. Тоа покажува еден крајно несериозен и неодговорен однос кон граѓаните на Република Македонија и спрема државата, заради тоа што после толку поминато време од денот на изборите, сега во моменти кога имаме парламентарно мнозинство коешто може да допринесе да профункционира законодавниот дом, се создаваат повторно некакви наводни проблеми, одолговлекувања и така натаму. Мислам дека како претставник на ВМРО-ДПМНЕ или на било која од политичките партии, не е еден човек, може да биде било кој од пратеничката група, за да се одржи координативната средба. Очигледно дека пробуваат на секој можен начин да се одолговлече изборот на претседател на Собрание - рече Спасовски.

Запрашан каде се одржала средбата, Спасовски откри дека Вељаноски се уште го користи кабинетот на претседателот на Собрание.

- Средбата беше во кабинетот на претседателот на Собрание. Вељаноски е таму во тој кабинет и таму разговаравме околу оваа иницијатива која ние ја доставивме. Ова е во функција да нема изговори од никого дека не можат да се движат работите понатаму - рече Спасовски.

Целата емисија можете да ја гледате на следниот линк.