Репортажа од Струга:Мерко победи, Села не признава, граѓаните чекаат работа и град без дива депонијa

Автор: Хекуран Акифи | пред 7 месеци | In depth

Струга е во фокусот на вниманието поради многу нешта, но најмногу поради поразот на Зијадин Села и непризнавањето на резултатите од изборите, наспроти победата на неговиот сопартиец Арбен Таравари во Гостивар, како и поради пораките на Села кон Зоран Заев и оценката дека меѓуетничките односи од сега ќе бидат полоши токму по вина на Заев зашто Македонците пресудиле кои ќе бидат градоначалници во општините со доминантно албанско население.

Од репортажата погледнете како помина изборниот ден од вториот круг на локалните избори во Струга.