Поповиќ: Европските земји се повеќе го ограничуваат пушењето во јавната сфера, не го либерализираат

пред 12 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, политикологот Миша Поповиќ, зборуваше за предложените измени на Законот за заштита од пушење.

- Во политичката реторика во Македонија, кога сакате да претставите некое решение како добро, го нарекувате дека е по европски терк. А по европски терк, всушност, оние земји коишто биле со многу либерални закони, стануваат поблиску до сегашната македонска регулатива, а многу од нив уште повеќе го ограничуваат пушењето во јавната сфера. Така што, тој момент - европски терк, не постои, а најмногу што е важно е да се каже дека всушност ние ги креираме решенијата за благосостојбата на граѓаните во Македонија, а не поради некои меѓународни стандари - рече Поповиќ.