Туфегџиќ: Предвидуваме пушењето да е дозволено надвор од објектот, без разлика дали ќе има преграда

Автор: Никола Здравковиќ | пред 11 месеци | Дебати

Во интервју за „360 Степени“, пратеничката Ивана Туфегџиќ зборува за измените на Законот за заштита од пушење кои се во процедура, предложени од пратеници од владејачкото мнозинство.

- Предложениот закон е од јули, предложен од група пратеници. Во измените не се предвидува ништо ново и специјално, освен регулацијата околу терасите коишто во моментов во постоечкото законско решение се третираат како затворен простор доколку ставите церада или пластична преграда, или било што. Во овој закон ние велиме - пушењето е дозволено исклучиво надвор од објектот, без разлика дали ќе ставите пластична преграда или ќе ставите фолија. Нема да се избрзува околу законските измени, ќе има и јавна дебата на која ќе се чујат сите засегнати страни. Здравјето на граѓаните ќе ни биде приоритет - вели Туфегџиќ.