Што со градбата која речиси преку ноќ се вивна и го нагрди брегот на Лагадин?

Автор: Никола Здравковиќ | на 10.2017 | In depth

Многукатната карабина која никна во охридски Лагадин на неколку метри од езерскиот брег ги мобилизира сопствениците на куќи во ова населено место да тропнат на многу врати за да алармираат за последиците ако ова градба биде прогласена за легална.

Заклучокот до којшто дошле е дека бројните законски измени во изминатите години креирале правен лавиринт во кој секој може да ја префрла одговорноста кај некој друг.

Новиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски, вели дека засега нема став за ова прашање. Му требало време.