360 Степени сезона 4, бр. 13

Автор: Васко Попетревски | пред 7 месеци | In depth

Во новото издание на „360 степени“:

- Иницијатива од Брисел за помирување и дијалог на раскараните партии во Македонија. Интервју со Иво Вајгл.

- Битката на Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Рамиз Мерко од ДУИ, ги надминува границите на Струга, бидејќи освен што ќе пресуди во градоначалничката, можно е да одреди и дали некој ќе стане од фотелјата во Владата. Покрај Струга, и во Гостивар за градоначалнички мандат се борат кандидати на Алијанса за Албанците и ДУИ. Какви се таму политичките калкулации и која партија чии гласови очекува во вториот круг од локалните избори. 

- Битка за ромските гласови во Штип пред вториот изборен круг. 

- Во натпреварот за секој глас во Гази Баба буквално се спие по партиските штабови. 

- И сопствениците на викендичките и туристите беа вџашени кога ја затекнаа градбата која речиси преку ноќ се вивна и го нагрди брегот на Лагадин. Новиот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ нема став што ќе прави. Му требало време.

- Нова Саботажа