Зошто СДСМ се дистанцира од АА и ја поддржува ДУИ, кога Села и Таравари беа на Шарената револуција

пред еден месец | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, аналитичарот Висар Адеми, зборуваше за вториот круг од локалните избори и коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и БЕСА од една страна, и коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ од друга.

- Јас не можам да ја сфатам ДУИ затоа што ДУИ сега е нервозна и во паника и треба да вели вака... тие се нетранспарентни, непринципиелни. Најголемата нетранспарентност беше кога на изборите на 11 декември 2016, 6 месеци преговараа со ВМРО и народот не знае со кој преговараат. Ние немаме долга меморија, тоа што сакам да кажам е дека не ја оправдувам СДСМ. СДСМ побара од албанскиот народ да излезе на барикадите на „Шарената револуција“. Вие велите дека сте добиле 42 илјади гласа. ДУИ и неговите политички структури не биле дел од овие револуции, во меѓувреме и Зијадин заедно со Арбен и Беса биле највисоки претставници и ја поддржале таа револуција. Јас не го сфаќам СДСМ како ја гледа оваа владина коалиција. Тие во Влада се и со Алијанса, зашто треба да се дистанциираат од Арбен и Зијадин, а во меѓувреме ќе ја поддржат само ДУИ? Второто, СДСМ има идеолошки проблем со оваа работа. Тие промовираа едно општество, една држава, значи испаѓа дека тие никогаш не се интересирале за Албанците туку ги интересирало да ја спасат ДУИ, ова вака испаѓа затоа што тие не сакаат да ги интегрираат Албанците туку сакаат да му помагаат на ДУИ - рече Адеми.