Незири: Коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и БЕСА е политичко самоубиство на Зијадин Села

пред 12 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, аналитичарот Џелал Незири, зборуваше за вториот круг од локалните избори и коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и БЕСА.

- Алијанса за Албанците влезе во коалиција по парламентарните избори со ДУИ, или направи една соработка и од тогаш ова беше постизборна коалиција и јас излегов со една изјава за вашата телевизија и реков дека тоа е нумеричка коалиција, 10 колку што имаше ДУИ плус 3 се... повеќе беше математика отколку коалиција... врз основа на платформи и програми, и тогаш добија големи критики дека еве, не се за обединување на албанските политички партии. И сега тоа што мене ме зачуди како човек кој ги следи политичките процеси во Македонија е чекорот на Алијансата за Албанците која на овие избори е втора албанска партија по ДУИ со пораст од 14 илјади гласа, да оди и да прави коалиција со една опозициска партија, со што ја загрозува, под еден, политичката кариера на нејзиниот лидер, Зијадин Села... затоа што нема капацитет за соработка со другите партии во вториот круг... Ако таа има околу 8 илјади гласа, а 7 илјади има Мерко, околу 8 илјади има СДСМ. Јас не зборувам за желби, туку за тоа што во Македонија е политичка реалност, ако ти гледаш дека таа владина коалиција која се одрази на овие локални избори ќе функционира и во Струга, тогаш јас не знам како еден партиски лидер, па и една партија која сака да биде победничка, да направи ваков чекор кој ќе доведе до политичко самоубиство на лидерот и кој потоа ќе ја загрози политичката иднина, бидејќи 14 илјади гласа што ги доби Алијансата, всушност се најголем дел гласови што ги доби од ДПА, која исто така е во минус по овие избори за 14 илјади гласа. Ова е голема опасност која мислам дека скапо ќе ја чини - рече Незири.