Штерјев: Судовите асистираа во бегството со одлагањето на одење во притвор

пред 10 месеци | Дебати

Во интервју за „360 Степени“, претседателот на Совет на јавни обвинители, Коле Штерјев, зборуваше за новата пракса во Македонија, жалбата да го одлага извршувањето и одењето во притвор.

- Не мислам дека судовите тоа не го знаат, таман работа. Тука е дојдена до една недозволена компилација на одредби. Во делот од ЗКП, каде што се обработува притворот како мерка за обезбедување присуство, стојат и рокови за жалба и кажува кој постапува. На жалба на решение на судија од претходна постапка - Кривичен совет, на жалба на КС - повисокиот Кривичен совет, и тука се со саати - 24 и 48 - рече Штерјев.

- Но сега како да имаме нова пракса во тој дел, еве двајца успеаја и да избегаат бидејќи се чекаше...

- Се уште не можеме да речеме дека е пракса, јас се надевам дека тоа ќе остане лош исклучок, и како еден мал дел на асистирање на судовите на тие на коишто не треба да им асистираат, во реализација на нивните понатамошни намери за избегнување на правдата. Замислете хипотетички - фрлите бомба во кино, и го фатите господинот, му викате вие сега во притвор... а, не, не, одете малце дома, ние да одлучиме. Притворот е сериозна мерка и нема дискусија за тоа - рече Штерјев.