Зошто едвај 20% од младите на возраст од 18 до 29 години гласаат на избори?

Автор: Петар Клинчарски | пред еден месец | In depth

Младите од Македонија на возраст од 18 до 29 години имаат најпозитивен однос кон Европската унија и главно таму ја гледаат својата иднина. И тоа го сакаат веднаш и сега.

Малку се заинтересирани за учество во домашниот политички процес и за менување на работите овде.

Анализираме, зошто едвај секој петти на оваа возраст во земјава гласа на избори?