Караџовски не гледа потреба од реформа на Судскиот совет

Автор: Васко Попетревски | пред 2 месеци | Дебати

Додека работната група во Министерството за правда размислува за модалитетите за реформа во правосудниот сектор, претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, вели дека евентуалното воведување одговорност на Судскиот совет пред Собранието на РМ би било „убиствено за судството“.

Заменик-министерот за правда од редовите на СДСМ, Оливер Ристовски, пак, рече дека мора да се воведе одговорност за членовите на Судскиот совет, дека една од опциите е тие да одговараат пред Собранието, но дека се уште нема финална одлука.