360 Степени сезона 4, бр. 07

Автор: Васко Попетревски | пред 11 месеци | Дебати

Во новото издание на „360 степени“:

- Нема напредок во расветлувањето на 27-ми април, 5 месеци по насилствата. Поминаа 2 и пол години од објавувањето на скандалот со прислушкувањето и повторно, нема ниту една пресуда за случаите што произлегоа од незаконското следење на комуникациите. Интервју со шефот за Балканот во американскиот Стејт департмент, Хојт Ји.

- Европската комисија активно се вклучува во дизајнирањето на правосудните реформи во Македонија. Од работната група што ја состави нацрт-стратегијата за реформи, по неколкудневниот престој во Брисел, велат дека она што го слушнале од европските експерти не може да се нарече критика туку дека целта била консултации за да се стигне до што подобри предлог-решенија. Сепак, се уште нема одговор за клучни точки од реформите – на пример, како ќе се воведе одговорност за членовите на Судскиот совет, тело кое има огромни ингереции за избор и разрешување судии, а не полага одговорност пред никого за она што го работи.

- Македонија одамна го решила депонирањето на отпадот, но само на хартија. Во повеќето општини се уште не е ниту започнато, а во некои општини се на самиот почеток од реализирањето на националната стратегија за отпад. Дали конечно ќе направиме провев или и натаму ќе мириса на нефункционален систем за управување со отпад?

- Нова Саботажа