Николова: Застанувањето на Бугарија позади Македонија ја остава Грција сама

пред 5 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, Јулијана Николова од Центарот за модернизација на политика од Софија, Бугарија, зборуваше за потпишаниот договор меѓу Македонија и Бугарија и ефектот што го има врз Грција и нејзиното вето за евроатланска интеграција на Македонија.

- И покрај тоа што реакцијата на меѓународната заедница, од Вашингтон до Брисел, беше благонаклонета кон потпишаниот договор, за договорот, од Атина не слушнавме таков охрабрувачки сигнал дека искуството на Бугарија и Македонија ќе биде искористено... т.е. дека тој констуктивен компромис меѓу двете страни ќе биде искористен за поттик кон решавање на прашањето меѓу Грција и Македонија. Сега Грција остана сама. И покрај тоа што демократските процеси внатре во Македонија се во фокусот на засилено набљудување, решавањето на проблемот со Бугарија и застанувањето на Бугарија зад грбот на Македонија на патот кон НАТО и ЕУ, ја остава Грција сама на сцената. Сега откако македонската влада демонстрира јасна желба за решавање на ова прашање, меѓународната заедница ќе ја набљудува Атина. Од Атина се очекува да направи соодветен чекор. Така што, договорот можеби има две позитивни страни. Едната е дека ќе реши еден проблем, кој, според мое лично мислење, воопшто не беше проблем туку беше хипотетички создаден, така што тоа отпадна како услов. И второто, го расчисти патот за решавање на еден друг проблем. Тој друг проблем, сепак, е цел и насока на сите земји-членки, а Бугарија во тој еден случај веќе не е на страната на Атина, туку на страната на Македонија. - рече Николова.