Кој ќе реши кои се политички монтирани случаи и како да се расветлат?

Автор: Александар Димитриевски | на 9.2017 | In depth

Можно ли е и како да се исправи неправдата во судските предмети оценети за политички монтирани? И кој и во каква процедура би решавал кои се монтирани случаи?

Европската комисија во своите извештаи пишуваше за селективна правда, особено во високопрофилните политички случаи, а новата извршна власт вети нивно повторно отворање.

Во очекување на конкретни потези од владата, засегнатите решија сами да преземат иницијатива и да подготват посебен закон за овие предмети.

Што предвидува тој, колку е реално остварлив, може ли да воспостави преседан на кој во иднина би се повикувале и други, што мислат судската и извршната власт за иницијативата и генерално за темата и има ли и други опции за расветлување на овие случаи?