Заев: Верувам дека Албанците и понатаму ќе гласаат за СДСМ, а за првпат и Македонци за Албанци

пред 11 месеци | Дебати

Во интервјуто за „360 Степени“ дадено од Њујорк, премиерот Зоран Заев зборуваше за дилемата, дали гласачите Албанци се уште ќе гласаат за СДСМ, по одлуката за соработка со ДУИ?

- Да. Јас верувам дека ќе гласаат заради тоа што тоа се избори на личност, избори на програми, а после тоа се партиите. Верувам дека ќе не гласаат секаде каде што имаме и наши кандидати. Јас реков, ние веќе многу одамна не ги делиме гласачите на гласови албански, македонски, ромски, турски, тоа се гласачи за граѓани. Првпат во Македонија ќе има и гласање од страна на Македонци за албански кандидати. Тоа е поддршката која ќе ја дадеме веројатно и во Кичево. И таму размислуваме да дадеме директно поддршка. Тоа штабот го анализира. Тоа е убав квалитатив во Македонија, да гласаме за граѓани, за имиња и презимиња, за програми, тоа е иднината на секоја земја, па така и на нашата земја. Јас верувам дека во еден ваков концепт воспоставуваме една долгорочна соработка, која и тоа како ќе биде од корист исклучиво на граѓаните - рече Заев.