Дали се законски одлуките за референдуми за мигранти?

Автор: Александар Димитриевски | на 9.2017 | In depth

Одлуките на повеќе општински совети за организирање локални референдуми на кои граѓаните би се изјасниле дали се за населување и интеграција на мигранти во нивните општини, отвора низа, не само политички туку и правни прашања.

Едно од нив е дали советите на општините имаат законско право да распишуваат локални референдуми за акти и одлуки на централната власт – како што е нацрт-Стратегијата за интеграција на мигранти и странци?

Дилема е и како би се организирало гласањето за референдумите на15-ти октомври, кога ќе се одржи и првиот круг од локалните избори.

Овие и другите правни дилеми се во ингеренции на најмалку две државни институции – министерството за локална самоуправа и Државната изборна комисија.

Кои се нивните одговори и како ќе се постават кон прашањето за одржување локални референдуми?