360 Степени сезона 4, бр. 03

Автор: Васко Попетревски | пред 3 месеци | In depth

Во новото издание на „360 степени“:

- Дел од децата што летувале на охридските плажи добиле црвени пликови по телото. Сите овие тврдења се поттик за истражување како функционира колекторскиот систем и дали езерото е заштитено од фекалии. Главната прочистителна станица личи на запуштен имот, обраснат во трева и со рѓосана опрема. Наместо да се прочистува, водата преку оваа одводна цевка уште пред станицата се излева нетретирана во Дрим. 

- ВМРО-ДПМНЕ ја наметна приказната за прием на илјадници мигранти и бегалци во Македонија, и таа кулуминира со иницијативи за референдуми паралалено со локалните избори. Што ако на локалните референдуми мнозинството се изјасни позитивно за населување мигранти? 

- Дали се законски одлуките на општинските совети за распишување референдуми за мигрантите? Кој треба да го има последниот збор - Инспекторатот за локална самоуправа или Државната изборна комисија? 

- Зошто Рајнхард Прибе и порачува на новата Влада да не го повторува грешките од минатото и една заробена држава да замени со друга? 

- Јавување на Владимир Мирчевски од Њујорк од Генералното собрание на Обединетите нации каде е и премиерот Зоран Заев, придружуван од министрите за надворешни работи и за дијаспора, Димитров и Адеми. Интервју со министерот за надворешни работи Никола Димитров од Њујорк.

- Нова Саботажа.