Селмани: Соработката со ДУИ нема да влијае негативно кај гласачите Албанци на СДСМ

на 9.2017 | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, поранешниот градоначалник и вицепремиер, Имер Селмани, анализираше каква слика треба да се очекува во општините со доминантно албанско населени, со оглед на расцепканоста на гласачкото тело. Тој одговараше на прашање што значи делумната соработка на СДСМ и ДУИ уште во првиот круг и дали СДСМ ќе изгуби од гласачите Албанци поради оваа соработка.

- Нема да има негативно влијание кај гласачите Албанци на СДСМ кои на минатите парламентарни избори гласаа за СДСМ бидејќи сега СДСМ и ДУИ се заедно во иста Влада. Има силна причина зошто оваа причина ќе се оживотвори поради едноставна причина бидејќи без ДУИ, СДСМ денес не би бил на власт, главниот клуч освен ДУИ и Алијанса за Албанците, но главниот клуч што СДСМ денес е на власт беше поддршката на гласачите поточно индиректно поддршката на гласачите на ДУИ, но директно и гласовите на пратениците Албанци на ДУИ и Алијансата за Албанците со цел СДСМ да има премиер и да раководи со Владата. Затоа, верувам дека тоа што беше случај на минатите избори во 2016 каде директно дел од Албанците како револт кон ДУИ гласаа за СДСМ и еден дел како револт кон ВМРО-ДПМНЕ гласаа за СДСМ, на овие избори нема да се случи. Верувам дека ќе има добра соработка бидејќи се уште е почетен „брак“ и секој брак има меден месец. Има добра соработка помеѓу овие две политички партии кои продолжуваат да ја зајакнуваат оваа соработка и на ниво на локални избори. Тоа што го спомнавте, јасно се гледа дека договорот е добро направен, таму каде СДСМ планира да победи со гласовите на Албанците, ДУИ не вади кандидат, и обратно, како што се случува во Гостивар, Тетово и други општини - рече Селмани.

Селмани ја анализираше и битката меѓу владините партнери ДУИ и Алијанса за Албанците која ќе се случува во Гостивар (Бејта-Таравари) и во Струга (Мерко-Села) и како СДСМ ќе се постави во однос на овие два градови.

- Се работи за силни кандидатури, во овие два града битката ќе биде силна. Да не заборавиме, и во овие два града, и во Гостивар и во Струга влијанието на ВМРО и нивните гласачи исто така е за почит, но јас верувам дека помеѓу владините партии СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците има договор за „фер-плеј“. Неслучајно се тројца кандидати во Струга, двајца силни кандидати во Гостивар, кандидатот кој ќе оди во втор круг ќе има поддршка на СДСМ и во Гостивар, но и во Струга - рече Селмани.