Гажоска: Размислувавме за ограничување на 3 мандати за градоначалник, треба да знаеш кога е доста!

пред 10 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, поранешната градоначалничка на Крушево, Лефкија Гажоска, зборуваше за градоначалниците кои се кандидираат по повеќе пати.

- Ние во ЗЕЛС уште во првиот мандат, со самото влегување во Управниот одбор зборувавме дека треба да се најде начин да се ограничи тој мандат, мислевме на 3 мандати да биде тоа, меѓутоа се променија условите на централно ниво, централната власт виде какво поле има за манипулација со средствата, со луѓето преку своите канали на локални послушници. Мислам дека промените се здрави. Можеби не треба законски да се ограничува нешто, меѓутоа од етички аспект, како локален функционер некогаш треба и самиот да знаеш до кога е доста - рече Гажоска.