Уште едни избори со хаотичен Избирачки список

Автор: Александар Димитриевски | пред 7 месеци | In depth

Македонија влезе во уште еден изборен циклус со хаотичен избирачки список. Гласачи фигурираат на непостоечки адреси, одамна починати се се уште на списокот, а има и вистински фантоми, со двојни и повеќекратни идентитети.

Државната изборна комисија, според закон, ги има сите надлежности околу списокот, но де факто нема контрола врз податоците за гласачите.

Зачудува молкот од главните политички партии за враќањето на околу 200 илјади спорни гласачи, кои за декемвриските избори или беа на посебен список или воопшто немаа право на глас. Нивното издвојување лани се сметаше за голем придонес кон враќање на довербата во списокот, а годинава нивното враќање на списокот, едноставно, се игнорира.

Од прилогот погледнете во каква состојба е списокот и колкав е потенцијалот за злоупотреби.