Флесенкемпер: Земјите мора да ги решат споровите пред влезот, ЕУ не сака да увезува проблеми

Автор: Александар Димитриевски | пред 10 месеци | Дебати

За Берлинскиот процес, генерално за процесот на приближување на Балканот кон ЕУ и предизвиците на тој пат, „360 степени“ разговараше со германскиот експерт за Македонија и за регионот, Тобијас Флесенкемпер, чие седиште во моментот е во Ница, Франција.