Сторија за хирургот и поранешен министер за здравство, Владо Димов - 11 години поминати во егзил!

Автор: Александар Димитриевски | пред 11 месеци | In depth

Погледнете ја приказната на „360 степени“ за 11 години поминати во егзил на релација Истанбул-Софија-Подгорица.

Дома беше гонет за непријавени приходи и за незаконско давање согласност за 18 вработувања во струмичката болница. Судовите пресудија дека ги пријавил сите приходи а спорните вработени до ден денес никој не ги избркал од работа.

Надвор изгради успешна кариера на хирург. Полн со гнев поради прогонот но и со желба да се врати во татковината, хирургот Владо Димов првпат јавно пред новинарот Александар Димитриевски реши да ја сподели својата лична, но и семејната драма низ која поминува од 2006 година, кога му заврши министерската функција во владата на Бучковски.