Интервју со Метју Нимиц: Не носам нов предлог

Автор: Владимир Мирчески | на 7.2017 | Дебати

Посредникот на Обединетите нации во преговорите за името, Метју Нимиц, во текот на викендот доаѓа во Скопје каде во недела и понеделник ќе се сретне со државно-владиниот врв. Ова ќе бидат први директни контакти на медијаторот со новите власти во Македонија.

Во пресрет на посетата на регионот, бидејќи од Македонија ќе замине во Грција, посредникот Нимиц даде интервју за „360 степени“.

Слушнете зошто и со што доаѓа Нимиц, за што се преговара во процесот, дали идентитетот на етничките Македонци е предмет на преговори, што мисли за грчкиот аргумент за постоење иредентизам од македонска страна и какви се перспективите за решенија.