Дали лобистот Валтер бил клучен за изборот на баџанакот на Мијалков за судија во Стразбур?

Автор: Александар Димитриевски | пред 8 месеци | In depth

Одиме еден чекор напред во расветлувањето на околностите во кои Јован Илиевски, баџанакот на Сашо Мијалков, беше избран за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Уште лани во октомври кога Илиевски, во конкуренција на Наташа Габер-Дамјановска и Звонимир Јанкуловски, доби најмногу гласови во Парламентарното собрание на Советот на Европа, се отворија многу прашања: од тоа дали е доследно почитувана процедурата за селекција на кандидатите во Македонија, преку тоа дали Илиевски зборува англиски и француски, до дилемата - дали човек кој од позиција на шеф на обвинителството за борба против организиран криминал не направи ништо во истрагата за масовното прислушување, може да стане дел од институција што треба да ги штити човековите права.

Договорот што техничката влада на Емил Димитриев го склучила со поранешен британски пратеник и член на Парламентарното собрание на Советот на Европа не води на трагата за тоа што се се случувало пред и за време на изборот на Илиевски.

Еве ги сознанијата до кои дојде Александар Димитривски, кои водат и кон заклучокот дека најверојатно со народни пари се плаќале партиски интереси.