Муслиу: Никогаш досега немало ваков ентузијазам во Брисел, треба да се искористи моментот

пред 6 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, политикологот Алберт Муслиу, прв извршен директор на асоцијацијата за демократски иницијативи „Ади“ зборуваше за новиот ентузијазам за влез на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

- Ние не сме имале толкав ентузијазам за нас во Брисел никогаш до сега, можеби сме имале нивен поголем ангажман во кризата од 2001 година и така натаму, но ентузијазам и поддршка во вакво ниво, не сме имале. Ние не анализираме нешто. Транзицијата од 90-тите години се нарекуваше така бидејќи од еден преминувавме во друг систем. Мислам дека и нашите меѓународни партнери се свесни дека ние треба да преминеме во втора фаза на транзиција. Единаесет години не се краток период, ние имаме заробени институции, нашите меѓународни партнери се свесни, имаме влада која е свесна по денешниот настан дека постои експертиза, позитивна волја и кај цивилното општество кое е подготвено и има можност да го помогне процесот, но имаат и нивна посветеност за да влегуваат во целиот овој процес. Мислам дека овие се трите точки кои треба да се користат, мислам дека објективно постои добра можност. Не треба да се убеди широката маса по сето тоа што го поминавме во овие две и повеќе години дека треба да прави реформи во судството, не треба да се убедат граѓаните дека треба да имаме департизација на администрацијата, нема потреба оваа влада дополнително да ги убеди граѓаните дека имало голема злоупотреба на фондовите бидејќи ние сме во таква економска ситуација каде потребна ни е помош и од нашите меѓународни партнери. Значи, има одредени предуслови кои се исполнети, независно од тесното мнозинство кое го имаат, можеби треба да бидат подисциплинирани во собраниските седници, но мислам дека можностите и шансите се одлични да се влезе похрабро бидејќи храброст од нив се чека, можеби најголемиот хендикеп ќе ја имаат војлјата и ентузијазмот на граѓаните бидејќи кај граѓаните има очекувања да се случуваат чуда во следниот период и тоа во краток рок. Да не заборавиме дека ние сериозно влегуваме во втора фаза на транзиција, деинсталирање на систем кој за малку ќе влезеше во тоталитарна фаза. Значи, се работи за процес кој треба да се одвива. Сега останува на владата тој ентузијазам и шанса која ја даваат граѓаните да ја охрабри со дејствија, се надевам нема да бидат популистички дејствија туку да бидат суштински, а од друга страна според нивните постапки гледам дека транспарентнсота, посветеноста и охрабрувањето кое го добиле од граѓаните за да бидат потранспарентни и поодговорни, го спроведуваат. Сега, дали тоа ќе трае, се надевам дека ќе трае, но мислам дека шанса за посуштинска промена реално постои - рече Муслиу.