360 степени сезона 3, емисија 70

Автор: Васко Попетревски | пред 11 месеци | Дебати

Во новото издание на „360 степени“:

- Колку вкупно обвиненија ќе покрене Специјалното обвинителство до крајниот рок - 30 јуни? Досега до судот се доставени само три. 

- Дали без обвинение за случајот „Таргет“ од кој се очекуваат одговори - кој, како, под чија наредба и со каква цел прислушкувал во Македонија, може да се зборува, макар и за делумно исполнета мисија на СЈО? 

- На две недели до истекот на рокот за поднесување обвиненија нема јасни назнаки, дали тој рок ќе биде продолжен. Ако да, како? Ако не, што понатаму со СЈО и со сите незавршени истраги и непреслушани разговори?

- Дебата со адвокатот Александар Тумановски, новинарот Саше Димовски и Андреј Божиновски, магистер по кривично право, од Здружението за кривично право и криминологија на Македонија.

- Интервју со американскиот експерт во областа на перење пари, Марк Нанс, на тема - дали ќе можат да се најдат и вратат украдените и испрани пари во Македонија?

- Нова Саботажа