360 степени сезона 3, емисија 69

пред 11 месеци | In depth

Во новото издание на „360 степени“:

- Две изданија на Јоханес Хан во само два часа. Еднаш изрази надеж дека Грција и Бугарија ја научиле лекцијата и дека ќе се најде начин за отворање на преговорите за членство со Македонија, а потоа рече дека не е можно чекорење напред без комприси. Што донесе првата премиерска посета на Заев на ЕУ и НАТО? „360 степени“ од Брисел. 

- Има ли судир на концепти во економскиот тим на новата влада? Советникот на министерот за финансии беше против именување бизнисмен за вицепремиер за економија. Како Заев и Анѓушев ќе се справат со судирот на интереси на вицепремиерот за економија кој е управител и сопственик во петнаесетина фирми? 

- Дали новата власт ќе го врати стариот изглед на владината зграда? Архитектите критичари на „Скопје 2014“ се за безусловна промена. Барокниот премиерски кабинет е претворен во бункер. 

- Бабунски, Барди, Маркоски и другарите се пакуваат за Европското првенство во Полска. Со нив и фановите.

- Нова Саботажа