Македонија чека нов успех - младата фудбалска репрезентација и фановите се пакуваат за ЕП во Полска

Автор: Никола Здравковиќ | пред 6 месеци | In depth

Бабунски, Барди, Маркоски и другарите се пакуваат, а со нив и фановите.

В петок во Полска почнува Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година на кое учествува и репрезентацијата на Македонија. 

По успешните квалификации, самиот пласман на шампионатот е историски вреден успех за младите фудбалери предводени од селекторот Боби Милевски. 

Но, човечки се желбата и надежта се да не заврши само на учество.