Желката побрза од отворањето на граничните премини на северната граница кон Косово и кон Србија

Автор: Хекуран Акифи | на 6.2017 | In depth

На неколку точки на северната граница на Македонија кон Косово и кон Србија, мештаните со години бараат решенија за да можат полесно и побрзо да ја преминуваат граничната линија, но резултатите или се бавни, или воопшто ги нема.

Една проблематична одредница е ветувањето за премин кај Лојане и Миратовац на македонско-српската граница, но тој никако да биде отворен.

И покрај тоа што Македонија и Косово во 2013 година потпишаа договор за отворање на граничниот премиен Белановце - Станчиќ кој треба да ги поврзе Куманово и Гнилане. Патот за преминот се гради цели 4 години.

Останува нерешен и проблемот на децата од селото Блаце, општина Чучер Сандево кои секојдневно мораат да поминуваат граница за да одат на училиште во Косово. А основното и средното образование се задолжителни според Уставот на Република Македонија.