Што пишува во обвинението со кое деветтемина насилници од 27 април добија условни казни

Автор: Александар Димитриевски | пред 7 месеци | In depth

Како јавното обвинителство ги гледа настаните во Собранието на 27-ми април што ги виде целата јавност?

„360 Степени“ дојде до обвинителниот предлог кој беше основа за судењето на првата група од деветмина насилници. Во него нема истепани пратеници, нема закани по живот, нема новинари...

Како за обвинителот Александар Маркоски настаните во парламентот завршиле во 20:40, и се свеле на туркање ограда и буткање со полицијата? Во прес-салата на Собранието има само толпа напаѓачи и двајца нападнати полициски службеници.

Дали обвинителството свесно го крши начелото на легалитет или станува збор за поинаква стратегија?