360 степени сезона 3, емисија 65

пред 12 месеци | In depth

Во новото издание на „360 степени“:

- Од работник на нива, преку градоначалник до премиер. Живот со успеси, обвинувања за криминал и разоткривање криминал. Знаеме ли кој е Зоран Заев? Го прашавме мандатарот – можно ли е владеењето на една фамилија да биде заменето со владеење на друга фамилија.

- Објавуваме - што пишува во обвинението со кое деветтемина насилници од 27 април добија условни казни. Како за обвинителот Александар Маркоски настаните во парламентот завршиле во 20:40, и се свеле на туркање ограда и буткање со полицијата?

- Преодната влада на Емил Димитриев склучила договори за меѓународно лобирање 20 дена пред декемвриските избори а ги пријавилa во Бирото за јавни набавки пред само три дена. Дали со народни пари се плаќани партиски лоби активности? Трагите повторно водат до Америка.

- Во најголемото езеро во Македонија, во 2011 година, не смеело да се лови охридска пастрмка помала од 40 сантиметри, но откако езерото е дадено под концесија, владата ја намалила дозволената должина на 35 сантиметри. Каде завршува грижата на државата, а каде започнува интересот на концесионерите? Каде во приказната се рекреативните риболовци?

- Нова Саботажа.