Ексклузивни снимки од безбедносните камери во Собранието: кој ги отвори вратите за насилството?!

Автор: Владимир Мирчески | на 5.2017 | In depth

Снимките од безбедносните камери во Собранието ги потврдуваат досега објавените информации дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги отстрануваат металните блокатори на влезните врати во Парламентот и овозможуваат толпата да влезе во објектот.

Погледнете го видеото:

Вака изгледа собраниското фоаје само неколку минути пред толпата да влезе на критичниот 27-ми април..

Прв се појавува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски.. Разговара на телефон и гледа кон трите врати на главниот влез на парламентот.. Брзо, по само десетина секунди тој заминува.. 

По половина минута се појавуваат пратеникот од Социјалистите на Ѕинго - Љупчо Димовски и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.. И двајцата гледаат кон вратите.. Љупчо Димовски гестикулира со рацете – како да покажува како да се извадат големите метални блокади со кои од внатрешна страна се обезбедуваат вратите.. 

Одеднаш се гледа како во фоајето втрчува Сашо Василевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и под надзор на Љупчо Димовски се упатува кон средната од трите врати на главниот влез.. Му се придружува вработен од собраниските служби кој со предмет во раката, можно да е клуч, оди кон средната врата каде е и пратеникот Василевски..

Во тие моменти во фоајето пристигнува и шефот на обезбедувањето на поранешниот спикер Велјаноски, Горан Ѓошевски... Тој им дава сигнал на собраниските службеници да се повлечат..

Веднаш потоа Сашо Василевски успева да ја симне блокадата од средната врата.. Се повлекува и пратеникот Мукоски.. Но, вратата се уште не се отвора...

Дел од присутните, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, исто така пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, ја набљудуваат ситуацијата и пишуваат на своите мобилни телефони..

Мускоски се враќа кај влезот, но сега заедно со Василевски се насочуваат на крајната десна врата.. 

На снимката јасно се гледа дека Мукоски ја симнува блокадата..

Толпата влегува...

Мукоски во периодот по насилствата упорно демантира дека бил дел од ова сценарио..

Сепак, на снимката јасно се гледа дека Мукоски, помогнат од Сашо Василевски, ги отстранува блокадите и овозможува влез на толпата.

Првиот од толпата што влегува се поздравува со Тарчуловски.. Мукоски ја повикува толпата да влезе, истото го прави и Љубен Арнаудов.. Сашо Василевски се прегрнува со еден од демонстранти, ги бодри...

Дел од толпата се насочува кон ходникот на пленарната сала од каде најбрзо се стигнува до прес-центарот каде се Заев и другите пратеници.. Меѓу нив се и лица со качулки..

Некои од нив веќе се опремуваат со постаменти за знамиња кои ќе бидат употребени во тепањето..  

Заради споредба, во исто време демонстранти се обидуваат да влезат и од страничните влезови на Собранието, оние што гледаат кон домот на АРМ.. 

Полицијата, во овој случај, за разлика од пред главниот влез, на почетокот се спротивствува.. Неколкумина специјалци се обидуваат да ги сопрат насилниците – успеваат да издржат неколку минути.. Толпата се пробива – удира на вратите, турка, се обидува да влезе, но металните блокади од внатрешната страна издржуваат..

Но, не и камерата што ги снима..