Адеми: Ако се прави сега анкета, по давањето на мандатот, рејтингот на СДСМ би бил повисок

пред 9 месеци | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, аналитичарот Висар Мемеди зборуваше за резултатите од новата анкета на Телма и МЦМС за рејтинзите на партиите.

- Доколку имате мостра на ниво на Македонија, тогаш Албанците се земаат врз основа на статистиката од 25% или 250 од вкупниот борј или на примерокот кој е земен за анкетирање. Значи, доколку во ова ја поставите маргината на грешка која е плус минус 3%, тогаш кажав дека ова може да биде главниот показател за правење на толку голема грешка. Јас верувам дека доколку БЕСА и Алијанса одлучат да не бидат дел од власта, тогаш постои можност мнозинството на ова расположение да продолжи да биде за ДУИ. Доколку тие одлучат да преземат одговорност и да бидат дел од одлучувачкиот процес на институтциите тогаш верувам и велам дека тоа е повеќе оптимистичко отколку што може да изгледа во принцип, особено статистичи. Мислам дека маргината на грешка од плус минус 3% е определувачко за да покаже дека можеби на ДУИ и е направена поголема услуга со давање на овој контингент на бројки кои всушност ги немаат. Во однос на македонските политички партии. Мислам дека СДСМ ја има оваа мала разлика бидејќи народот по две години и според тоа како течеше работат со мандатот, ја изгуби надежта дека Заев може да победи, да го добие мандатот од претседателот на државата. Сега ако се прават анализи, кога веќе претседателот на државата му дал мандат на Заев, се знае дека тенденцијата е кон власта и мислам дека оваа разлика или ќе им расте или ќе им оди во корист на СДСМ - рече Адеми.