Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ треба да се ребрендира од „забраденост“ и албанофобија, на нивото од 2006

на 5.2017 | Дебати

Во дебата на „360 Степени“, комуникологот Петар Арсовски зборуваше за можните идни чекори на ВМРО-ДПМНЕ по одењето во опозиција.

- ВМРО-ДПМНЕ почна со еден имиџ од 2001 година на забрадени дечки со црвени знамиња кои се пенават на плоштад со едни ксенофобични, албанофобични пораки. Тие успешно еднаш се ребрендираа во 2006. Се претворија од црвени во портокалови, од забрадени, запотени на плоштад, во јаки дечки со кравати кои ги заинтересира економија. Сега повторно се враќаат на стариот наратив. Ако гледаат чист прагматизам, ВМРО-ДПМНЕ би требало што е можно побрзо да се ребрендира и повторно да се обиде да се врати на наративот кој им го донесе најголемиот успех во нивната историја. Има едно критично ниво на брендот под кое е поедноставно, поевтино и полесно да направиш нов бренд отколку да инвестираш и да го поправаш стариот. Тоа секако значи кадровски промени внатре. Секако подразбира дебата за прашањето - смена на Никола Груевски. Мојот впечаток е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде попрагматична од СДСМ и побрзо ќе влезе во процесот на ребрендирање и реафирмирање на својата прозападна и економска ориентација надвор од овој наратив одошто ние проценуваме - рече Арсовски.