Врховен го урниса судскиот систем со укинувањето на притворот за Сеад Кочан

Автор: Владимир Мирчески | на 5.2017 | In depth

Стручната јавност со неверување ја прими веста дека кривичниот совет на Врховниот суд, предводен од претседателот Јово Вангеловски, со надгласување го прифатил барањето за заштита на законитоста поднесено од редовното обвинителство на Марко Зврлевски и го укинал притворот за Сеад Кочан.

Одлуката на врховните судии нема врска со законитоста, коментира универзитетската професорка, Гордана Бужаровска-Лажетиќ, која е една од авторките на Законот за кривична постапка.

Според неа, за судиите што ја донесоа одлуката не само што треба да се отвори постапка за разрешување туку треба да се побара и кривична одговорност.